Наглата промена на времето негативно влијае и врз болните и врз здравите
Десет дена се потребни организмот да се навикне на промената на времето. Лекарите предупредуваат дека падот на температурата може лошо да влијае не само на болните туку и на здравите. Од заладувањето најпогодени ќе бидат метеоропатите и лицата со хронични заболувања.
- За граѓаните полесно да ги поденесат промените на времето потребно е да практикуваат физичка активност и да внимааваат на исхраната, советува д-р Љубе Пајковски, раководител во Брза помош
При големи температурни разлики во Брзата помош очекуваат зголемен број на повици. Викендот реализирани се и првите десетина интервенции од новоотворениот пункт во поликлиниката во Ѓорче. Дежурната екипа која е стационирана овде побргу ќе одговара на поканите за итни случаи во овој дел од градот.
-Но доколку има поголем број на повици од Ѓорче и околината секако дека ќе бидат испратени и други екипи од базата во Карпош, додаде д-р Пејковски.
Во пунктот во Ѓорче 24 часа ќе има дежурно возило и медицинска екипа. Засега во смена работи еден тим , но доколку има потреба надлежните најавија дека ќе го зголемат здравствениот персонал.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
