Loading Video...
Фудбал
25. March 2018 - 19:05

Азербејџан е противник кој традиционално го победуваме

А- репрезентацијата на Македонија веќе 6 дена е во Анталија каде се подготвува за следниот куп на нации.  По нерешениот резултат со Финска следен противник во вторник е селекцијата на Азербејџан една од ретките репрезентации против која имаме извонредно позитивен резултат.

                Македонија и Азербејџан досега одиграле  5 интернационални средби. Нашата репрезентација има три победи и два нерешени резултати што сигурно обврзува на уште едно добро издание на нашиот национален тим кој има добра серија на резултати.  Оптимист е и напаѓачот на Палермо Александар Трајковски :         

            „Шест дена сме тука, условите се одлични за да работиме. Се подготвуваме добро за Азербејџан. Финска беше цврста репрезентација, и беа добро поставени. Сега размислуваме за следниот натпревар  и се надевам на добар резултат. Против Финска пробувавме да дадеме гол, имавме шанси кои не ги искористивме. Сега мислиме  на Азербејџан и се надевам дека ќе го добиеме тој натпревар. Имаме шанса да се надигруваме  да видиме колку можеме . Против Азербејџан  секогаш играме добро, и поквалитетен тим сме, го прифаќаме тоа и се надевам на победа“, изјави Александар Трајковски за сајтот на ФФМ.

          Нашата репрезентација одигра без голови против Финска и е во серија од 6 средби без пораз.  Средбата се игра во вторник во Анталија со почеток во 18.00ч.