Loading Video...
Фудбал
18. April 2018 - 17:58
Прва МФЛ: Доминација на гостите
Попладнево се одиграа натпреварите од 28. прволигашко коло. Шкендија во дербито го совлада Вардар на Филип Втори со 3-2 и ја најави доминацијата на гостите во денешните дуели.
Победа на туѓ терен оствари и Шкупи и тоа во Струмица со 2-1 против Академија Пандев додека единствената победа за домашните дојде во Тетово каде Ренова со гол во 92м на Влатко Стојановски обезбеди триумф од 2-1 против Работнички. Од порази на свој терен се спасуваа Скопје кој одигра 1-1 со Силекс и Пелистер кој со ист резултат 1-1 го заврши дуелот со Победа во пелагониското дерби.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
