Фудбал
21. April 2018 - 18:38

Трајковски со погодок ја потврди победата на Палермо

Фудбалерите на Палермо и без својот капитен Несторовски ја продолжуваат успешно трката за влез во Серија А.  А забележителен настап во победата од 3-0 против Авелино имаше Александар Трајковски кој беше успешен асистент за вториот гол на Палермо   а веднаш потоа во финишот Трајковски успешно изведе удар од белата точка за својата екипа со што го постави конечниот резултат.