Фудбал
1. May 2018 - 17:42

ЛШ: Ќе има ли „драма“ во Мадрид

Вечерва во Мадрид се игра реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Шпанците победија со 2-1 во Минхен и се пред пласманот во 15-финале.
Избраниците на Зинедин Зидан велат дека ја научиле лекцијата од претходната рунда кога за малку ќе ја прокоцкаа победата над Јувентус од Торино. Во прилог им оди и добрата серија против германскиот гигант кого го совладаа 6-пати во серија.
Резултатот од првата средба вели дека Баерн мора да постигне најмалку 2 гола во Мадрид за да влезе во финалето. Ќе имаат ли сили за подвиг пулените на легендарниот тренер на Баварците Јуп Хајнкес останува да видиме.
Зидан има проблеми поради отсуството на Карвахал и Иско Аларкон.
На спротивната страна нема да настапат Боатенг, Видал, Коман и Нојер додека под знак прашалник е и настапот на Арјен Робен.