Loading Video...
Фудбал
2. јуни 2018 - 18:50

Победа останува во прволигашкото друштво

Екипата на Победа и следната сезона ќе се натпреварува во Првата МФЛ откако славеше во баражот против Борец со 2-1.

На средбата  за опстанок што се одигра во Струмица прилепчани одлично стартуваа и уште во 8м го отворија резултатот со погодокот на Ивановиќ.

Во 28. Минута веќе беше 2-0 за прволигашот, стрелец Велкоски.

Во вториот дел Борец ја отвори играта и се обидуваше да се врати во игра . Тоа му успеа во 56м со погодокот на Кудијан но до крајот на средбата и покрај големата желба не успеаја да се спасат од пораз со што и следната сезона ќе играат во Втората лига Исток.