Loading Video...
Фудбал
3. јуни 2018 - 18:39
Андонова триумфираше во шпанскиот куп со Барселона
Нов трофеј за женската екипа на Барселона за која настапува и нашиот интернационалец Наташа Андонова. Каталонките триумифираа во националниот куп совладувајќи ја шампионската екипа на Атлетико Мадрид со 1-0.
По многуте шанси на обете страни мрежите мируваа во регуларните 90 минути.
Дури во 122. Минута по една одлична асистенција на Андонова топката влета кон Калдентеј која биеше прецизно и донесе победа за Барселона и втор куп трофеј во серија.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
