Loading Video...
Фудбал
4. јуни 2018 - 15:55
ЛЕ: Познати евентуалните ривали на Вардар
На 19-ти јуни во Нион ќе бидат извлечени двојките за првото квалификациско коло од Лига Европа. Екипата на Вардар е во групата на носители а таквата улога ќе ја задржи и при евентуалниот пласман во втората рунда бидејќи во моментов во УЕФА има коефициент од 5000.
Минатата година Вардар го елиминира турскиот гигант Фенербахче и испиша историја во македонскиот фудбал со пласманот во групната фаза од Лига Европа како прв македонски клуб кој остварил ваков пласман.
Интересни се и имињата на можните противници. Групата е поголема а од позвучните би ги издвоиле Левадија Талин, Хонвед, Ференцварош, Пјуник, Партизани но и летонска Рига која ја тренира поранешниот тренер на Вардар Гоце Седлоски.
Натпреварите од првото квалификациско коло ќе се играат на 12. Јули.
Во Лига Европа покрај Вардар ќе настапат уште и Работнички и Шкупи.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
