Македонија
28. October 2015 - 16:24

Експерти: Во справувањето со мигрантите Балканот мора да постави црвени линии

Балканот мора да постави црвени линии и заеднички да ги брани пред Европа. Безбедносните експерти како слаба алка во системот за справување со бегалската криза во регионот ја гладаат слабата билатерална комуникација помеѓу соседите и различните ставови со кои настапуваат во Брисел. При првиот проблем со функционирањето на воспоставениот систем на транзит најголеми поселдици ќе почуствуваат токму земјите од балканската рута.

Македониските служби се свесни за сериозноста на проблемот и опасностите кои доаѓаат со бегалците кои транзитираат низ земјата. Проблемот не е создаден овде и неговото решавање мора да биде на териотирјата од каде бегаат овие луѓе.  Свестките сили, тврдат безбедносните експерти во Сирија си ја одмеруваат силата, а резултот од тоа го чуствува регионот и Европа.

Јасно е дека земјите од регионот немаат можност самостојно да се справат со вака сериозен проблем. Земјите имаат здраствен систем кои не може да одговори на потребите на националните потреби а не пак да нбуди помош на стотици илчјади бегалци. Нема работа за сопственото население, а подолгото задржување на овие луѓе би било дополнителен проблем.

Планот на Брисел договорен во неделата е обид за справување со проблемот, но не и гаранција дека рој ќе биде решен.