Loading Video...
Фудбал
9. July 2018 - 17:49
Мицевски: Вардар не смее да загуби во Ерменија
Фудбалерите на Вардар утре патуват за Ерменија на мегдан на домашниот Пјуник во рамките на квалификациското коло за Лига Европа.
Средбата во Ереван се игра во четврток во 16.00 по македонско време.
Дарко Мицевски е оптимист дека македонскиот претставник ќе се врати непоразен од ова незгодно гостување:
„По ланскиот успех на Вардар, имаме обврска да се покажеме во светло издание во оваа сезона. Мислам дека добро се подготвивме во Словенија, како и во Скопје. Новите играчи меѓу кои сум и јас добро сме прифатени, сметам дека се воигравме, и подготвени сме за предизвикот Пјуник. Во поновиот фудбал нема наивни екипи и лесни противници, така гледаме и на нашиот следен ривал. Ерменците се предизвик, но мора Вардар да го мине првото коло. Треба да извлечеме поволен резултат и да се вратиме без пораз од Ерменија. Дури и ако ни се укаже шанса и да победиме, за да си го олесниме реваншот во Скопје“.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->