Loading Video...
Фудбал
18. July 2018 - 18:12

Васоски: Со стрплива игра до победа

Фудбалерите на Вардар утревечер од 19ч го играат реванш квалификацискиот дуел за Лига Европа со ерменскиот Пјуник. 
 
Гостите доаѓаат во Скопје да ја одбранат предноста од 1-0 од првата средба што за црвено-црните преставува извонредно незгоден резултат:
„ Свесни сме дека ова е мошне незгоден резултат и затоа стрпливо ќе ја градиме нашата игра. Доколку примиме гол тоа многу би ја отежнало нашата положба затоа не смееме да брзаме туку со притисок во текот на сите 90 минути ќе бараме позитивен резултат. Еден гол мора да постигнеме што понатаму ќе зависи од самите фудбалери„- изјави новиот стратег на црвено-црните Александар Васоски кој за првпат е на клупата на Вардар во улога на прв стратег:
„Подготвен сум за предизвикот. Не сум разговарал со раководстовото за мојата иднина на оваа позиција и назначен сум само за натпреварот со Пјуник. Се подготвувам заедно со фудбалерите за овој меч, собравме многу информации и очекувам противникот да игра на контранапади бидејќи еден постигнат гол за нас ќе значи три гола во мрежата на Пјуник“-категоричен е Васоски ,