Loading Video...
Фудбал
24. August 2018 - 18:41
ЛШ: Голот на Жуниор ветува интересен дуел со Розенборг во Скопје
Фудбалерите на Шкендија ќе имаат тешка задача во реваншот против Розенборг отако во првиот бараж натпревар за Лига Европа се поразени со 3-1. Гол на надеж постигна Жуниор во меч во кој Шкендија не искористи неколку убави прилики
Македонскиот шампион лошо го отвори мечот и дозволи Норвежаните во првите 15 минути да поведат со високи 2-0.
Џебала постигна мајсторскиот погодок откако го забележа истрчаниот Захов за водство од 1-0 а предноста ја зголеми прославениот дански интернационалец Бентнер.
По неколкуте шанси за македонскиот тим во финишот од мечот Леви најави убедлива победа за Розенборг.
Сепак во вториот дел Шкендија не потклекна и се обидуваше да постигне прв гол на гостински терен во европските натпревари оваа сезона.
Тоа му успеа на Жуниор со прекрасен удар за конечни 3-1 на оваа средба која нуди неизвесен реванш во Скопје.
МОжеби резултатот ќе беше и поповолен за Шкендија доколку судиите досудеа најстрога казна во последните минути од овој возбудлив натпревар.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
