Loading Video...
Фудбал
24. August 2018 - 18:43

Нов блесок на Андонова во дресот на Барселона

Нов блесок на  Наташа Андонова во дресот на Барселона  каде успеа да запише хет- трик во убедливата победа  против  Пардињес во каталонскиот куп.    
 
Барселона славеше со 9-0 а лидер   во победата беше  Македонската Андонова која диригираше со играте преку убавите асистенции но и прекрасните погодоци. 
За само 12 минути нашата интернационалка трипати ја затресе мрежата на противникот  притоа постигнувајќи и еврогол од слободен удар.   
На овој меч  Андонова делуваше несебично и со две асистенции помогна и нејзините соиграчки да се запишаат во листата на стрелците. 
Барселона  со убедливата игра покажа дека е подготвена за новата сезона каде повторно ја очекува голема битка со Атлетико мадрид за шампионската титула.