Loading Video...
Фудбал
27. August 2018 - 19:42
Убедлива победа на Шкендија во дуелот со Беласица
Фудбалерите на Шкендија ја забележаа првата победа во новата сезона совладувајќи ја Беласица со 4-1.
Шампионот играше без својот најдобар играч Ибраими кој одмораше за средбата од ЛШ со Розенборг . Шансата ја искористи Емини кој блесна со хет-трик и најави многу голови во продолжението од домашното првенство.
Интересно Беласица прва го отвори резултатот по грешката на голманот Реџепи и прецизниот удар на Вусљанин.
До крајот на првиот дел Емини и Жуниор обезбедија целосен пресврт додека во вториот дел по убавите нафрлувања од левата страна Емини биеше убаво со глава за да во финишот реализира и пенал за конечни 4-1 за домашниот тим.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
