Фудбал
28. August 2018 - 17:28
КМФ Велес подготвен за дебито во Лигата на шампионите
Од утре во Скопје во салата Јане Сандански љубителите на футсалот ќе можат да уживаат во футсал натпреварите од претквалификациите за Лигата на шампионите каде Македонија ја претставува екипата на КМФ Велес екипа која за првпат ќе се претстави во ова натпреварување. На турнирот ќе настапат екипите на Валета од Малта, Футсамба од Ирска и Космос од Естонија.
Во редовите на КМФ Велес се оптимисти дека може да се освои првото место во групата и да се обезбеди учество во втората фаза од ова елитно натпреварување:
Бојана Скендеровски - Претседател на клубот
Футсалот е спорт кој во Македонија се сака, милсам дека не очекува еден интересен турнир, сакам да се заблагодарам за финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт и ФФМ, нашата мотивација е огромна и се надевам на успех односно освојување на првото место во овие предквалификации. Ние како домаќини ќе се погрижиме организацијата на турнирот да биде беспрекорна.
Марјан Стефановски - тренер на КФМ Велес
Екипите што ни гостуваат се квалитетни, Космос од Талин е физички добро подготвена, доаѓа од земја која нема голема футсал традиција но има квалитет и ќе бидат тежок противник, екипата од Ирска ни преставува енигма, немаме многу информации за нив но доаѓа од земја која има футсал традција претпоставуваме дека има квалитет. Најсериозен противник за нас ќе биде екипата на Валета од Малта во која има многу странски играчи, имаат тројца играчи од Грузија, двајца од Србија и по еден од Шпанија и Колумбија, мислам дека тие ќе ни бидат најголема пречка за освојување на првото место во овие предквалификации. Ние се подготвуваме добро, сите играчи се подготвени, првото место ни е приоритет и се надеваме дека ќе успееме во оваа наша задача.
Зоран Левески - капитен
Прв пат како клуб учествуваме во предквалификации, но имаме играчи со искуство кои настапувале во Лигата на шампионите. Од противниците мислам дека само екипата од Млата ќе ни преставува проблем, тие се подготвуваат 45 дена за овој турнир, имаат седум странски играчи и репрезентативци од Млата и тие ќе ни бидат најтешка задача а последниот натпревар го играме токму со оваа екипа и ке биде решавачки . Имаме многу мотиви, нашите натпревари ги играме во среда, четврток и сабота од 20 часот и ја замолуваме публиката да дојде да ни помогне во остварување на целтта.
КМФ Велес е домаќин на овој предквалификациски турнир во Скопје, натпреварите ќе се играат во СЦ Јане Сандански , во малата сала.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
