Loading Video...
Фудбал
29. August 2018 - 18:48
Лига на нации: Да се освојат три бода против Гибралтар
Македонската фудбалска репрезентација подготвена за долгоочекуваната Лига на Нации преку која ќе се обиде да се пласира на следното ЕП. Селекторот Ангеловски денеска го објави списокот на играчи за првите дуели со Гибралтар на гости и Ерменија во Скопје.
На списокот на селекторот Игор Ангеловски се фудбалерите кои настапија во претходниот квалификациски циклус или биле повикувани во националниот тим. Од играчите кои се во фокусот повик нема место само за најдобриот домашен играч Агим Ибраими.
Селекторот ја истакна фаворитската улога на нашата селекција во дуелот на Гибралтар кој го играме во гости на 6. Септември но предупреди дека опуштање нема да има бидејќи денеска сите играат фудбал за што сведочат бројните изненадувања.
Собирот на нашите репрезентативци е на 3. Септември во Гибралтар. По натпреварот следува враќање во Скопје и подготовки за следниот меч со Ерменија на 9. Септември.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
