Македонија
10. October 2018 - 17:50

Копија од исчезнатиот орден ,,Прилеп-Град Херој‘‘ во 1994 година, претставена спроти празникот 11 октомври

Во Општина Прилеп денеска свечено беше откриена релјефната мермерна плоча на која е претставен Орденот за народен херој кој Јосип Броз Тито му го додели на Прилеп, а кој Орден мистериозно исчезна од просториите на Општина Прилеп во 1994 година и до денес не е пронајден. Копија од Орденот беше направена и во својaта оригинална големина која  ќе биде поставена во музејот „11 Октомври“.

„Тој атрубут кој го диоби Прилеп, Град херој, како град на пркосот и град непокорот остана и понатаму. Ние сме сведоци за тоа и со право ни беше доделн овој Орден“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Прилеп е еден од 8-те градови на ниво на Југославија кој го добил овој Орден. Истиот бил изработен од злато. Сега од него се направени 2 копии.

„Едниот примерок ќе биде поставен тука во просториите на локалната самоуправа, а другиот ќе биде поставен во музејот, односно во Участакот“, рече Благоја Атанасоски, дииректор на Завод и музеј Прилеп.

Првиот градоначалник на Прилеп во самостојна Македонија, Илија Димоски, припадник на партијата ВМРО-ДПМНЕ вели дека до неговото насилно сменување од функцијата Орденот бил во изложбените витрини на Општината.

„Мојата партија и други нивни коалициони партии упаднаа и ја завзедоја општината, ме разрешија, ја блокираа канцеларијата и понатаму незнам што се случуваше“, кажа Илија Димоски, поранешен градоначалник на Прилеп.

Над 8.000 прилепчани учествувале во НОБ, 2.700 директно со оружје во рака, 650 загинале. Од 66 народни хеори кои ги има Македонија, 15 се од Прилеп.

„Борците од Прилеп го продолжииле револуционерниот од на Илинденците, од првиот Илинден 1903 година, па преку вториот Илинден или АСНОМ, чиј што одлуки и решенија се уставотворни и кој што се основа за третиот Илинден кој се реализира на 8 септември 1991 година“, изјави Рубин Белчески, историчар.

Инаку за прв пат во историјата годинава Прилеп и Куманово, градовите каде пукнала првата пушка, заеднички ќе го одбележат празникот 11 Октомври.