,,Сликање на тело‘‘ за прв пат во земјава во рамките на прилепскиот фестивал ,,Со Марко на улица‘‘
За прв пат во Македонија и тоа во Прилеп на фестивалот „Со Марко на улица“ се одржа студио за body painting или филмска шминка. Уметникот Сашо Мартиновски вели дека ова е за прв пат да има вакво јавно изложување на оваа уметност кај нас. Моделот, Даниела Иваноска, ја претставувала шумската кралица Вања Хоналасиел, што во превод значело „Убавото чисто срце“.
„Идејата е добиена уште откако ни беше зададена задачата за овој проект конкретно и инспирацијата од Марко Цепенков. Листајќи низ фолклорот на Марко Цепенков ми се вроди оваа идеа конкретно да се роди токму овој лик, да го искреирам и тоа да биде најубавата шумска кралица, која што е видлива само за оние со чисто срце“, вели Мартиновски.
Според Мартиновски body painting-от го нема во Македонија затоа што е скап.
„Body painting е веќе претставување на фотографии преку телото, цртање, тоа е веќе влез во една друга уметност. Ова е извадок од еден мал дел на Body painting, со филмска шмника, или маска. Не е застапен кај нас, за прв пат можам да кажам дека еве во Македонија и прв пат ова се случува во Прилеп и прво јас го правам“, рече Мартиновски.
Моделот Даниела Иваноска вели дека е почестена што за прв пат е дел од овој креативен процес.
„Прв пат се сретнувам со еден ваков креативен чин, кој што буквално трае цел ден. Задолжена сум како модел, мојата задача ќе биде вечер да ја оживеам оваа прекрасна Вања и да му го дадам она што од секогаш на човештвото му треба, љубов“, рече моделот Даниела Иваноска.
Оваа уникатна креација беше претставена пред публиката. Инаку синоќа заврши три дневниот уличен фестивал „Со Марко на улица“ кој и тоа како ќе остави огромно иновативно влијание на целокупното културно живеење во државава.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
