Loading Video...
Фудбал
28. October 2018 - 16:50

Силекс и Победа се вратија на победите

Попладнево се одиграа натпреварите од викенд колото во домашното фудбалско првенство.  Силекс оствари значајна победа на свој терен против Работнички од 2-0 и му го препушти дното на табелата на Шкупи кој загуби во Прилеп. 

Шкендија блесна пред својата публика против Македонија ЃП додека во струмичкото дерби Академија Пандев ја совлада Беласица. 
Единствено Вардар потфрли и одигра натпревар без голови против Ренова. 
РЕЗУЛТАТИ 
Шкендија - Македонија ЃП 5-1
Силекс - Работнички 2-0
Вардар - Ренова 0-0
А. Пандев - Беласица 3-0
Победа - Шкупи 2-0
На табелата води Вардар со 24 бода пред Шкендија со 22 и А.Пандев со 19.