Фудбал
6. November 2018 - 15:35

Еспањол и се доближи на Барса

Интересна пресметка  може да се очекува во шпанската Примера дивизион каде на врвот се најдоа каталонските клубови Барселона и Еспањол.  Еспањол има одлична сезона и во последниот дуел славеше со 1-0 против Атлетик Билбао што е шеста победа во серија и скок на второто место на табелата со само три бода помалку од лидерот и градски ривал Барселона.

За разлика од каталонците баскиската гордост Атлетик игра разочарувачки и е се поблиску до преселба во Сегунда дивизион иако е еден од трите тима кој никогаш не играл во понизок ранг заедно со Реал и Барса.

Човек на одлука беше Борха Иглесиас, кој во 41. минута од мечот доби фантастична топка од Дидак Вила и со глава го „матираше“ Ерерин.

За тимот на Руби, ова е шеста победа оваа сезона, со која имаат 21 поен, три помалку од првопласираната Барселона, но и еден повеќе од Севилја, Атлетико Мадрид и Алавес во интересната горна половина на Ла лига.

Атлетик се на 17. место со само 10 освоени поени, еден повеќе од Леганес, и четири пред последнопласираната Уеска.