Loading Video...
Фудбал
21. November 2018 - 19:40

Успешни контролки за Бразил, Италија и Аргентина

Репрезентацијата на Бразил продолжува со победите на пријателските натпревари каде е неприкосновена. По победата над Уругвај, кариоките го совладаа и Камерун и тоа идентично, минимално со 1-0.  Стрелец на голот беше Ришарлисон играч кој влезе во игра на местото на Нејмар кој се повреди уште во 8. Минута што ги загрижи фановите на ПСЖ пред дуелот од лигата на шампионите со Ливерпул.

Минимално со 1-0 славеше и селекцијата на Италија против САД. Единствениот погодок на мечот одигран во Белгија  го постигна  Матео Политано во 94-тата минута од мечот.

Во само неколку дена Аргентина по вторпат го совлада Мексико и тоа идентично со 2-0.  Стрелци на пријателскиот дуел одигран во Мендоза беа звездите на Серија-А  Икарди и Дибала. Гаучосите на овој меч настапија без  Меси, Ди Мариа и Игуаин.