Едно од децата кои со украден автомобил паднаа во дупка било штитеник на државата
Oбвинителството сеуште не добило никакво исвестување од полицијата за случајот во кој тројца малолетници најпрво украле автомобил, па по возењето низ скопските улици пропаднале во дупка кај Сити мол. Засега е непознато дали ќе постапува обвинителството и за кое дело ќе се гонат. Од МВР вчера информираа дека 2 момчиња на 13 годишна возраст и едно десет годишно дете украле Пежо од паркингот кај железничка и рано утрото изгубиле контрола над возилото и се превртеле во канал на Илинденска. Поминале без повреди.
-Тринаесет годишникот-штитеник на државата еден од тројцата малолетници кои со украден автомобил паднале во дупка кај сити мол уште на 1 октомври без дозвола на воспитувачот исчезнал од Службата за згрижување деца со нарушено поведение. Од тогаш се до вчера од него немало никаква трага. По распитот во полициска станица со придружба на социјален рабоптник повторно е вратен во Установата.
Неофицијално истиот малолетник и претходно имал сторено кривични дела.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
