Лацио плаќа 15 милиони за Елмас
Дали ќе се реализира трансфер со кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз ќе биде најскапиот играч во историјата на македонскиот фудбал.
Според турските медиуми резултатската криза во редовите на Фенербахче предизвика и влијание врз финансиите на најпопуларниот турски клуб што го присилува раководството да преземе радикални чекори и да продаде неколку ѕвезди од своите редови.
Според пишувањето на медиумите во Турција на списокот ќе се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз за кого се огласи и угледниот италијански весник Кориере дело Спорт кој тврди дека следната дестинација на Елмаз ќе биде римски Лацио кој веќе понудил 15 милиони за македонскиот интернационалец која сигурно нема да биде одбиена и се очекува трансферот да се реализира во јануари.
Добрите игри на Елмаз привлекуваат и други клубови од Европа но доколку некогашниот играч на Работнички замине во Италија ќе биде во друштво на Пандев кој игра во Џенова и Несторовски и Трајковски кое се членови на Палермо.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
