Прва МФЛ: Победи за Шкендија и А.Пандев
Попладнево се одиграа натпреварите од првото пролетно коло во домашното фудбалско првенство.
Лидерот Шкендија славеше минимално против Вардар со 1-0 со погодокот на Имери во 23. Минута. Овој меч го одбележа спорен момент кога судиите не признаа регуларен погодок за Вардар за израмнување на 1-1.
Во Кратово Силекс имаше водство од 2-0 против Шкупи по одличната игра во вториот дел со головите на Георгиев и Рајковиќ. Гостите се вратија во игра со автоголот на Коцев а израмнување обезбеди Велиу во 92. И на овој гол му претстоеше спорен момент откако Ангелов во истата акција ја зафати топката со рака.
Во Кичево во дербито на дното Победа и Беласица одиграа 1-1. Во само две минути Ефремов и Ѓорѓиев обезбедија водство за прилепчани и израмнување за струмичани.
Работнички долго време водеше против Ренова со погодокот на Петковски. И на овој меч израмнувањето дојде во 92м , стрелец Мишковски.
Најубедлива игра прикажа Академија Пандев во дуелот со Македонија ЃП. Победа од 3-0 со головите на Дориев, Крстовски и Стојков.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
