Македонија
24. February 2019 - 18:36

75 години од Февруарскиот поход – традиционален марш по врвиците на овој поход

Со партизански песни, традицонален планинарски марш и пригодна денеска во маанстирот Свети Димитрија во близина на Прилеп се одбележа 75 годишнината од Февруарскиот поход, еден од најзначајните настани за време на НОБ. Целта на походот била да го развие востанието против фашистите и да се продолжи кон конечно ослободување на државата и создавање сопствена македонска држава.

„Тој поход овозможува да формираат нови бригади, нови партизански одреди и да се омасови народното ослободително движење, кое даде огромен придонес за создавање на македонската држава, како независна држава после царството на цар Самоил“, истакна Круме Соколоски, претседател на организација на борци на Прилеп.

На свеченоста присуствуваа и организации на борци од другите градови на Македонија кои истакнаа дека, сегашните генерации, треба да продолжат да го почитуваат делата на партизаните.

„Учесниците во февруарскииот поход беа претежно млади луѓе, но свесни за големината на времето, готови се што имаат да жртвуваат за иднината. Денес најголемо богатство е да се биде свој на своето“, кажа Радислав Ѓиноски, претседател на организација на борци од Гостивар.

На денешното одбележување на празникот имаше и 100-тина планинари кои направија марш од неколку километри низ планините во околината на Прилеп кој заврши манстирот Свети Димитрија.

„За момент се присетиовме на тешките услови кои партизаните ги поминале од Мариово до Богомила, патеката беше успешно совладана, гостите ги донесовме тука“, рече Стеван Серваноски, претседател на ПД „Козјак“ – Прилеп.

Настанот заврши со посебна пригода и традиционално планинарско гравче за учесниците. Година главен покровител на манифестацијата е Општиина Прилеп.