Македонија
31. March 2019 - 19:35

Струмица до крајот на годината ќе го добие стариот театар

До крајот на годината Струмица треба да го добие стариот театар. Реконструкцијата на објектот започна во 2014 година и според најавите требаше да заврши за 18 месеци, но активностите неколкупати беа стопирани и пролонгирани. Од струмичкиот завод и музеј кој ја води изградбата велат   работата била закочена поради одредени недоразбирања и технички проблеми, но тие веќе биле надминати.  Според нив финансирањето на проектот никогаш не било доведено во прашање.

,, Завод и музеј Струмица кој ја води изградбата беше доведуван во ситуација секоја година да враќа неискористени пари за изградбата и наредната година повторно истите пари преку истата процедура да се бараат повторно да се обезбедуваат од буџетот.,, вели АЦО МАНИНСКИ – ДИРЕКТОР НА ЗАВОД И МУЗЕЈ СТРУМИЦА

 Од  музејот велат нови пролонгирања не треба да има. Од таму се  се оптимисти дека објектот кој ќе   биде со најсовремена опрема  ќе се пушти во употреба токму оваа година кога театарот Антон Панов слави голем јубилеј, 70 години од формирањето.

,, Во моментот се работи на затворање на кровните конструкции, монтирање на клима уредите. Станува збор за поголеми зафати кои ја ограничуваат работата во подолните делови на објектот. Со затворањето на кровната конструкција и поставувањето на клима системот кој треба да биде на кровот на објектот работите ќе почнат да се финализираат од кровната конструкција на доле према објектот.,, вели МАНИНСКИ

Стариот струмички театар во кој работел  првиот професионален театар во Источна Македонија е изграден 1949 . Објектот во функција бил до 79 година. Според најавите неговата реконструкција чини околу 4 милиони денари.