Македонија
29. August 2019 - 19:23

По десет дена интервенција на терен, пожарот на Готен се шири кон струмичкиот регион

Пожарот на планината Готен кај Радовиш и понатаму е активен.  Гори претежно нискостеблеста шума. Скоро десетина дена екипите на радовишкото шумско претпријатие задно со противпожарната единица и дирекцијата за заштита и спасување неможат да го стават под контриола и да го локализираат. Во моментов на терен има околу педесетина лица, но нивната работа се одвива тешко поради непристапниот терен и лошите временски услови, посебно високите температури и преголемата количина на чад поради која екипите се оневозможени соодветно да делуваат.Постепено огнот се шири  кон струмичкиот регион во територијата на општина Василево. Од шумското претпријатие Беласица велат дека нивни екипи веќе се на терен и прават напори да се спречи ширењето на огнот.

Денеска во радовиш беше одржан и координативен состанок на кој присуствуваа претставници од сите надлежни институции кои договараа за преземање на дополнителни мерки со цел локализирање и гаснење на пожарот. На состоанокот меѓу другото било договорено, а потоа и поднесено извесување од  општината до дирекцијата за заштита и спасување со кое се бара нивно вклучување и интервенција од воздух. Во моменот нема точни податоци за површината што е зафатена и опожарена.