Македонија
3. October 2019 - 16:39

Пратенички прашања на собраниската седница

Дали премиерот Зоран Заев има план Б за македонските евроинтеграции доколку бугарскиот државен врв на претседателот Румен Радев и премиерот Бојко Борисов ги активира заканите за условување на нашата поддршка во Брисел со договор за заеднича историја?

Ова е главното политичко пратеничкотот прашање што го доби Заев од опозциските народни избраници. 

Пратеничката Магдалена Манскова од ВМРО- ДПМНЕ праша и  дали можеби и грчката страна во заедничката комисија условува со свои црвени линии.

Заев вели дека планот е еден – датум за преговори за кој најмногу ќе лобираат токму Бугарија и Грција

Опозицијата го прашуваше премиерот и за случајот „Рекет 2“.

Оваа седница за пратенички прашања се одржува со една недела задоцнување. Координаторот на опозицисиката ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски реагираше дека со вметнување на уште една седница пред нејзе и давање на паузи власта сака да ја скрати можноста на опозицијата да праша, како што рече, за коруптивните скандали што ја тресат Владата.