Почна деинституционализација на штитениците од Завод Бања Банско
Започна процесот на трансформација на заводот Бања Банско. Седум корисници од денеска ја напуштија институцијата и започнуваат самостоен живот. Ќе живеат во Струмица во комплетно нови станови што им ги обезбеди државата. Тие ќе живеат сами, но во зависност од потребите ќе имаат и 24 часовна поддршка од персонални асистенти. Клучевите од новите домови на корисниците им ги додели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која потенцираше дека процесот тече непречено.
После четири децении престој во заводот самостојно започнува да живее и Роза Мојсовска. Вели ова за неа бил почеток на еден нов живот.
Процесот на трансформација на заводот во Банско доби поддрша и од општина Струмица и од постојаната координаторка на ООН во Македонија.
Според стратегијата на министерството процесот на трансформација на овие институции треба да трае 10 години, но тенденцијата е да заврши за околу две.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
