Македонија
26. November 2015 - 17:13

Хрватскиот министер за внатрешни во посета на Македонија

Ефикасен начин на рагистрација за навремено превентивно делеување. Хрватскиот министер со пред в раце пристигна на денешната средба во МВР. Ако Македонија не може да ги користи податоците на Фронтекс како земја која не е членка на ЕУ сите земји можат да ги користат податоците на Интерпоол за да се има увид во трнзитот на бегалците од блискиот исток. Ниту Македонија ниту Хрватска не можат да влијаат на бројот на лица кои пристигнуваат на границите, а ниту пак сами можат да го решат проблемот.

Заканите кои пристигаат до земјите од регионот се следат внимателно, а токму тоа е и една од причините да биде подигнат степенот на безбедност. Спасовски оценува дека Македонија во моментотв врши 100 процентна регистрација на бегалците, но бара земјата да има увид во целсоните биометрсики податоци на лицата кои поднесуваат барање за изразување намера за азил.

Хрватскиот министер вети поддршка за Македонија и актуелизирање на потребата за доделување на финансиска помош во справувањето со бегалската криза. Предлогот ќе биде доставен до сите земји кои се дел од рутата и ЕУ, но одлуката за евентуалната промена во начинот на регистрација мора да биде заедничка.