Македонија
6. November 2019 - 16:50

Спасовски ја поздрави истрагата за бегството на Спасов

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски ја поздрави одлуката на штипското јавно обвинителство за отворање на истрага за бегството на Игор Спасов кој е  осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски.  Според него само на тој начин ќе можело  да  се открие кој се е вклучен во  целиот овој процес.  Токму затоа тој  повикувал за отворање на таква истрага.

,, Затоа јас повикував дека треба да се отвори таа истрага и да видиме се,  кој е вклучен во целиот тој процес. Преку одговорност, на било кого значи, без разлика од која институција е, ако имаме одговорност, ако се покаже дека има казнивост за тоа што го сториле тогаш ќе влијаеме превентивно и на сите идни случувања. Едноставно, системот мора да почне да функционира и тоа е мојот апел ако сакаме навистина да имаме правна држава, ако сакаме да имаме држава во која што ќе веруваат граѓаните, држава која што ќе не штити сите нас, ако сакаме да имаме права сигурност тоа мора да го прават сите институции.,, вели ОЛИВЕР СПАСОВСКИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Одговарајќи на новинарско прашање за  шпекулациите  дека  Спасов побегнал преку див граничен премин со помош на полициски службеници,   министерот Спасовски со коментар дека постојат голем број шпекулации за многу настани, но истражните органи не смеат да ги темелат нивните одлуки на вакви информации, туку само на ниво на докази.  

Игор Спасов,  поради здравствени причини на слобода бил пуштен летото лани .Тој во Идризово требало да се појави на 18 ти минатиот месец, но откако не го сторил тоа, судот во Штип  побара полицијата да го лоцира и приведе. Во моментов по Спасов се уште се трага, а распишана е и меѓународна потерница.