Македонија
1. December 2015 - 17:10

Коха Диторе: Најбараниот косовски џихадист од исламската држава побегнал од Сирија и се крие во Скопско

Лавдрим Мухаџери ниту загинал ниту е во Сирија. Озлогласениот сечач на глави од Косово се крие во скопските села. Косовски Коха Диторе, според информации од разузнавачките служби тврди дека терористот број еден од Косово предводник на албанските радикалисти борци за ИД во Сирија се крие токму во реонот на Скопје. Не сам туку со уште шестмиуна негови соработници меѓу кои и Ридван Хакифит.

И српските медиуми тврдат дека Мухаџери не загинал на боиштата во Сирија туку со група од 120 борци се вратиле на Балканот. Причината за враќањето како што тврдат косовските медиуми се жестоките напади кои врз борците на ИД ги врши Русија.

А токму повратниците се и најсериозната закана за безбедноста во регионот тврдат безбедносните екперти.Подигнатиот степен на безбедност во Скопје е потврда дека разузнавачките служби имаат информации за можни обиди за нарушување на безбедноста во државата. Дополнителна подготвеност треба да се има поради периодот кој следува, прославите на отворен простор, големите верски настани и празниците кои доаѓаат.

Акциите на МВР потврдија дека присуството на борци на исламската држава на територијата на Македонија не се само претпоставки. Од полицијата засега молчат за информациите кои ги пренесуваат безбедносните служби во регионот поврзани со присуството на Мухаџери и неговите соборци.