Полни раце работа за пратениците, неисполнети очекувања за политичките лидери
На стартот на годината Република Македонија стана Северна - 81 народен избраник го стистнаа зеленото копче за промена на Уставот. Со тоа ја донесоа клучната, но и најтешката одлука во независна Македонија. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за одлуката. Претседателот Ѓорѓе Иванов пак, не ги потпиша уставните амандмани.
Во Службен весник османаа само со потписот на собранискиот спикер Талат Џафери. Тој, пак, ја искористии оваа прилика и со еден потпис го објави законот за јазиците, за кој пак, пред еден месец Венецијанската комисија искажа сериозни забелешки.
Мај донесе нов шеф на државата - Стево Пендаровски во вториот обид стана претседател.
Јуни требаше да биде месец кога државата ќе ги отвори европските поглавја за да обезбеди сигурен пат за членство. Но, тоа не се случи. Не се случи ни во октомври кој власта го сметаше за втора шанса. Законот за обвинителство со се специјалното на Катица Јанива - заглави, а францускиот претседател Макрон ни испорача нонпејпр со нова методологија за преговори.
Причина за предвремени избори – пред Пендаровски политичките лидери го договорија 12 април.
Иако никогаш поблиску до светските лидери на масата во НАТО за самитот во Лондон не стигна ратификацијата на Шпанија на која се уште чекаме.
Собранието во овие процеси секогаш беше на среде. Највените избори за 12 април за многумина ќе значат збогување со столчето во парламенот.
Најмногу промени се највуваат во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Се зборува дека едвај 10 пратеници од овој состав би се нашол на листите. Координаторот Мицевски смета дека неговата група ја доживеала најтешката година, но задоволен е како сработиле. Доколку партијата побара, тој со задоволство повторно би бил координатор.
Но, да не се концентрираме на тоа дали било тешко или лесно, вели неговиот сопартиец Никола Поповски. Да ја научиме лекција. Не исклучува повторно да е пратеник.
Иако беше лицето на ДУИ во Собранието изминатите два мандата, Артан Груби најавува дека нема да биде на листите на интегративците.
Целосно повлекување од политиката највува и Лилјана Поповска од ДОМ. Емотивно признава дека додавањето на „северна“ на Македонија, иако го гласала, не го прифаќа.
За разлика од нејзе пратеничката од независните пратеници излезени од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова вели дека не се кае за својата одлука за промена на името. Тврди дека ниту била уценувана ниту наградена од власта за ваквата одлука. За нов пратенички мандат не размислува.
Коментар дали е задоволна од тоа како сработила баравме и од пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ, најпрозивана и за патните трошоци и за вработувањето на блиски роднини. Стојчевска телефонски на два пати не известуваше дека е зафатена со обврски во Собранието. Затоа, пак, нејзиниот пратенички шеф е задоволен од нејзината работа, како и од работата на сите пратеници од неговата група.
Овој состав ги брои деновите, но и за крајот има предвизици – гласање за техничка влада, предвремената ратификација за НАТО, законот за одбрана, изборниот законик со 6.000 амандмани, недовршени дестици точки и последната одлука за распуштање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
