Македонија
28. February 2020 - 18:00

ДУИ и СДСМ во кавга - кој е фактор кај албанските гласачи?

Не може да има влада без албанскиот победник на изборите на 12 април, а него го одредува волјата на Албанците, а не некакви сојузи или канцеларии. Ова е реакцијата на ДУИ по вчерашната предизборна коалиција на СДСМ со БЕСА. Од партијата на Ахмети велат дека со маргинална албанска партија СДСМ сака да ги дефакторизира албанските гласови.

Меџити вели дека не треба да се заборави дека ДУИ на последните избори го прекршила својот принцип победник со победник за формирање на влада и влезе во сојуз со ДУИ, но и дека тоа треба да се остави во минатото.

За пораките на Заев дека ДУИ досега уценувала за учество во Владата од партијата на Ахмети велат дека условувале но само во името на повеќе права за Албанците и за евроатланската иднината на државата.

На овие рекации од ДУИ пак, возврати лидерот на СДСМ Зоран Заев: победник кај Албанците кќе биде коалицијата СДСМ  - БЕСА.

Заев откри дека во моментов партијата проверува над 500 кандидати за пратенци на СДСМ, се спроведува проверка на нивната биографиуја, потоа се прават интервјуа, а се спроведуваат и интерни анкети. Комплетните листи ќе бидат објавени на Конгресот на 9 март.  Вчерашната коалиција неофицијално го исфрли името на лидерот на БЕСА Билал Касами како носител во шестата изборна единица.