Македонија
5. March 2020 - 16:31
Хидролошката состојба на Охридското езеро е алармантна
Хидролошката состојба на Охридското езеро станува алармантна.Постојаните варирања на нивото на водата во Езерото оставаат негативни последици на растителниот и животинскиот свет . Последиците од климатските промени се чувствуваат се посилно .Под закана е и Охридското Езеро, на што предупредува и УНЕСКО.
Потребно е да се прилагодиме на климатските промени вели Крстаноски бидејќи Охридското Езеро има праг на издржливост, кој не смее да се премине.
Експертите сметаат дека треба да се заштити најголемо природно богатство и биодиверзитетот кое е под закана не само од климатските промени туку и од преголемата урбанизација и дивоградбите на крајбрежјето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
