Македонија
5. March 2020 - 19:21

43 мигранти откриени во возило во близина на Струмица

Нов случај на криумчарење мигранти во струмичкиот регион.  43 тројцата мигранти кои биле превезувани со товарно возило со скопски регистарски таблички биле откриени утрово десетина минути пред девет часот,  откако возилото со кое управувал 43 годишен скопјанец било запрено за контрола од страна на полицијата.

Мигрантите се откриени на регионалниот пат Струмица –Радовиш, кај клучка Радовиш.  При преглед на возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица – мигранти. Возачот  бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во последниот период во неколку наврати во југоистокот на државата беа регистрирани повеќе  такви случаи.  Од почетокот на годината само во регионот на Струмица во неколку полициски акции беа откриени околу стотина мигранти кои биле  предмет на криумчарење. Но и покрај ваквите обиди од страна на надлежните информираат дека во моментов место за стран од нов мигрантски бран нема, а обидите за нелегален премин на јужната граница биле во рамки на вообичаеното за овој период од годината.

Ова го потврди и претседателот Стево Пендаровски кој во понеделникот беше во посета на армискиот контингент кој ја обезбедува јужната граница, а направи и обиколка и на граничниот камен 59 од каде во времето на мигрантската криза поминаа најголемиот дел од мигрантите. Тој информираше дека назнаки за евентуален наплив на мигранти нема, но доколку тоа се случи државата е подготвена да одговори соодветно.