Се повеќе пијани возачи на улиците во Охрид
Охриѓани не се откажуваат во алкохолизирана состојба да возат автомобили .Иако тоа е една од водечките причини за сообраќајни незгоди со загинати и повредени сепак бројот на лицата кои го прекршиле Законот за безбедност во патниот сообраќај е се поголем.За само два месеци триесет и осум возачи биле ислучени од сообраќајот од нив триесет управувале автомобил во алкохолизирана сосотојба.
Возење под дејство на алкохол,користење на мобилни телефони ,нерпеливи возачи ,паркирани возила по тротоари ваква е секојдневната слика во сообраќајот. Mногу од сообраќајните правила или се заборавени или едноставно не се почитуваат.
Лани 252 несовесни возачи го прекршиле Законот за безбедност од нив дури 220 биле откриени со недозволена количина испиен алкохол.
Од СВР Охрид најавија засилени контроли и казни несовесните возачи.
Инаку минатата година издадени биле 4068 возачки дозволи од нив 874 се новоположени лица кои стекнале право на управување на моторно возило.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
