Македонија
7. March 2020 - 16:34

Наместо елитна населба Чекоштина се претвора во дива депонија

Чекоштина наместо да прерасне во елитна населба затрупана со отпад. Иако има стотина куќи и викендици и меѓу охриѓани важи за атрактивна еколошки чиста населба сепак сликата е сосема спротивна. Најразличен вид на отпад постојано се растовара на ридот кој е претворен во дива депонија. До загадувачите не допираат ни поставените табли за еколошка свест.

Од здружението Чекоштина урбан реагираат на безмилосното уништување на зеленилото за овој проблем како што велат што биле информирани и градоначалникот и советот на општина Охрид.

Граѓаните се пожалија дека населбата се уште на документи не постои нема уличен систем ,водовод и канализација. Еден дел е урбанизиран, и тоа  само на хартија, во реалноста нема никаква инфраструктура.