Македонија
11. March 2020 - 19:44

Охридското крајбрежје затрупано од смет

Kрајбрежјето долж Охридското езеро затрупано со отпад .И додека се чисти кај Љубаништа и Свети Наум на другата страна брегот е преkриен со шишиња,ќеси,гајби,и друга пластична амбалажа .

Реката Сатека со години наназад со себе носи тони ѓубре и го загадува езерото а несовесните  граѓани кои живеат по течението на реката секојдневно фрлаат отпад .Екологистите велат дека потребен е поголем број на инспектори и алармирање за  ваквата катастрофална состојба .

Зороски вели дека во тек се проектите кои имаат за цел пренасочување на реката Сатеска односно да се врати во старото корито да се влева во Црн Дрим .

Добрите познавачи посочуваат дека потребно е подигнување на јавната свест кај граѓаните и  предупредуваат дека во наносите што Сатеска ги носи во Охридското Езеро има органски материи кои предизвикуваат забрзано стареење на езерото.