Охрид со празни улици - туризмот најпогоден од корона вирусот
Охридските угостители ги почитуваат мерките за превенција од корона вирусот. Вчера во 18 часот угостителски објекти ставија клуч на врата а центарот на градот беше во тотален мрак.
Празни улици и плоштад редуциран број на посетители во кафетериите и рестораните ваква е денешната слика во главниот туристички центар.
Од Еснафот на угостители велат дека во целост ќе ги спроведуваат препораките на Владата ,и се надеваат дека ваквата состојба ќе се надмине.
И покрај сончевото време граѓаните останаа во своите домови, оној мал дел охриѓани кои ги затекнавме низ градот велат дека избегнуваат групни собири и користат антибактериски средства.
Во Охрид се дезинфицираат сите обејкти на детската градинка, здравствените и образовни установи а кон оваа мерка се приклучија и превозниците .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
