Стабилна состојбата во Дебар и Центар Жупа, населението ги почитува кризните
Втората ноќ по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот во Дебар и Центар Жупа помина мирно .Жителите ги почитуваат препораките, во општините низ улиците , јавните објекти а и на сите возила кои влегуваат и излегуваат се врши дезинфекција. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните .Жителите пак од земјава и странство кои се најдоа затекнати на денот на прогласувањето на Кризната состојба од страна на Владата, се сместени во хотелските капацитети .
Од охридската полиција велат дека безбедносната состојба е стабилна .Во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места и нема нарушувања на јавниот ред и мир.
- Полициски службеници, согласно оперативниот план, вршеа обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата)стои во соопштението од СВР Охрид .
Со цел превенција ќе се вршат контроли и во струшките села Лабуништа, Подгoрци, Боровец, Октиси и Јабланица каде има лица кои лица кои дошле од Високоризичните земји каде се шири коронавирусот и треба да се придржувале до препораките за 14 дена самоизолација во сопствените домови.
Инаку како резултат на новите случаи на корона вирус во земјава, затвoрeн е аеродромот во Охрид. Од операторот велат дека за оваа одлука ги известиле сите авиокомпании и им го понудиле скопскиот аеродром како опција за пренасочување на нивните летови.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
