Македонија
20. March 2020 - 17:10

Теренски тестирања во струшко за коронавирус

Едно лице од Охрид е позитивно на коронавирус.Станува збор за охриѓанец кој дошол од Бреша и бил во контакт со потврдени и заболени пациенти во Италија .

Додека пак во Струга и околината изминативе два дена направени се околу дваесетина скрининг тестови на онаа група на граѓани кои имале интензивна комуникација со лица кои се сега во зоната на Дебар со цел навремено откривање на корона вирусот .Отворените телефонски линии се активни 24 часа велат од Центарот за јавно здравје ,дневно добиваат по стотина повици од загрижени и испаничени граѓани.

Теренските мобилни екипи првенствено спроведуваат стручна анкета, а потоа се одредува на кои лица ќе им се прави анализа за корона вирус.

Скрининг тестовите ќе продолжат и викендов а во  меѓувреме се врши дезинфекција на јавните површини и градскиот превоз a на повеќе локации поставени се  и средства за дезинфекција на раце согласно мерките за заштита од Корона вирусот.