Loading Video...
Фудбал
11. April 2020 - 20:27

Едни закажуваат, други откажуваат а фудбалот никако да почне!

Расте конфузијата во светот на спортот а посебно во светот на фудбалот.  Полека се пробиваат сите рокови за стартување на шампионатите но и за доигрување на европските купови.  Истовремено УЕФА призна дека нема конкретен датум за одигрување на плеј-оф натпреварите од Лигата на нациите. 
Последните пишувања на англискиот
 Дејли мејл откриваат од свои извори дека Европската куќа на фудбалот размислува полуфиналните дуели од Лигата на нациите а меѓу нив и најважниот за нас, дуелот Македонија –Косово да ги закаже за месец октомври со тоа што финалните средби би се одиграле во ноември. 
Како тече времето пишува весникот се поизвесно е дури и на овој датум да нема публика на трибините.  Да потсетиме дека  првите термини за овие среди беа во март. Потоа следуваше одложување во јуни па ново поместување за на есен. 
Кризата со пандемијата се менува од ден на ден и се потешко се рефлектира врз клубовите и фудбалерите.  Расте и притисокот врз УЕФА да се пристапи кон прекин на првенствата и прогласување на шампионите според моментниот пласман.  Такви најави доаѓаат и од Шкотска каде чекаат дозвола од УЕФА да го прекинат првенството и да прогласат првак. Од шкотската федерација најавија дека нема да има испаѓање од лигата.  Во меѓувреме паузата финансиски ги исцрпува клубовите. Десеткратниот првак на Белгија Стандард најави банкрот и преселба во третата дивизија откако првенството не се доигра а Бриж беше прогласен за првак. Последната одлука сепак најверојатно ќе биде донесена на 24-ти април откако УЕФА се закани дека нема да дозволи Бриж и Гент да играат во Лигата на шампионите.