Македонија
12. April 2020 - 19:45
Индивидуалните земјоделци бараат дозвола за движење
Градинарите од охридско стравуваат за насадите поради ограниченото движење.Со оглед на тоа дека поголемиот дел од нив се на возраст над 65 години и живеат во градот а на село им се пластениците тие како локални микропроизведители не се регистрирани земјоделци и не можат да добијат дозвола за движење во услови кога има ограничување.
Микроземјоделците ќе бидат погодени и со затворањето на зелените пазари бидејќи 90 проценти од нив токму таму ги палсираат своите производи.
Стојаноски вели дека потребно е да се изнајдат механизми да им помогне на земјоделците и овоштарите бидејќи ќе се соочиме со недостиг на домашна храна .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
