Македонија
18. April 2020 - 16:39

И во Охрид празни верски храмови

Велигден во Балканскиот Ерусалим за прв пат во историјата на православната црква ќе се празнува без верници во храмовите .Овој празник кој  со векови се славел масовно оваа година ќе се прославува од своите домови  но сепак во духот  на православието. Полноќна литургија за Христовото воскресение ќе има во сите активни храмови.

Не постои карантин кој може да ги изолира вистинските чуства кон верата вели отец Симиџиоски.

Празни улици ,плоштад , паркови и плажи долж езерото ваква е сликата во градот поради пандемијата предизвикана од коронавирусот .

Граѓаните кои вчера ги правеа последните подготовки пред најдолгиот полициски час велат дека во кругот на потесното семејство, ќе го слават Велигден.

Инаку празничната атмосфера, која во градот со 365 цркви секогаш е посебна, нема да изостане, но овој пат таа ќе биде пренесена од храмовите во домовите на охриѓани и православните верници ширум светот.