Тивко и празно во „Балканскиот Ерусалим“ – Охрид за Велигден
Биењето на камбаните во храмовите точно на полноќ во Балканскиот Ерусалим го најавија Хрисотовото воскресение. Радосната вест одекна во срцата на верниците кои наместо во црквите останаа во своите домови со желба што поскоро да заврши пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Охриѓани следејќи ги воскресните литургии од дома со свеќа во едната и црвено јајце во другата рака си го честитаа најголемиот христијански празник .
Црквите иако останаа празни без верниците сепак духовноста се чуствуваше насекаде низ градот .
Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, каде празничната литургија ја одржа митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј во сослужение со само неколкумина свештеници.
Поради забраната и посебниот режим на движење околу верските храмови беа интензивирани контролите од страна на полицијата.
Инаку и денеска во лулката на православното христијанство е тивко и празно за разлика од изминатите години кога за празничниот викенд градот бил преполн со верници од сите краеви ширум светот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
