Фудбал
21. April 2020 - 11:18

Седум клуба се противат на продолжувањето на Серија-А

Италијанското фудбалско првенство е во прекин. Федерацијата бара начин и датум кога шампионатот би продолжил и би се заокружило првенството. Дилема што најверојатно би се решила на собранието на Серија-А. Сепак неизвесноста не можат да ја издржат сите клубови. Бреша веќе се откажа а уште  6 клуба (Спал, Бреша, Торино, Сампдорија, Удинезе, Болоња и Фиорентина) се противат на продолжувањето на првенствата. Истовремено помалите клубови бараат толкување на легитимноста на правните договори за статусот на фудбалерите во рамките  на вонредната состојба од пандемијата со важност од 9. Март. Овие клубови бараат технички документ од лигата бидејќи договорите на играчите истекуваат на 30-ти јуни.
Ситуацијата ја компликува изјавата на министерот за спорт во Италија Виченцо Спадафора кој рече дека враќањето на тренинзи не значи и рестартирање на фудбалот:
 
 „Знаеме дека на 4 мај нашата земја веројатно ќе започне полека повторно да се отвора сега мора да разбереме дали светот на спортот и фудбалот се подготвени за рестартирање, дека дури и ако би започнале  со тренинзи тоа не значи автоматски да се продолжи првенството“- изјави Спадафора кој рече дека во среда ќе има состанок со претставниците на ФИГЦ кои ќе ми го претстават пред се протоколот за тренирање.
"Добивам илјадници пораки од луѓе кои би сакале да одат во теретана или базен или да вршат физички активности на отворено, сега ограничени на неколку чекори во близина на куќата. Она што ме интересира е да го рестартираме целиот спорт, не само Серија А  “, рече Спадафора.