Loading Video...
Фудбал
25. April 2020 - 19:55

Кој прв ќе го рестартира фудбалот?!

Хаос во Европа на адреса на фудбалот,  така накратко може да се наречат последните збиднувањата  околу најпопуларниот спорт. Додека некои најавуваат рестарт на сезоната , втори се во дилема, а трети одлучија да го прекинат првенството.  Очигледно желбата за фудбал и стравот од пандемијата се во клучна битка. 
Иако УЕФА препорача да се доиграат националните првенства холандската фудбалска федерација сепак одлучи да го прекине првенството  без да прогласи шампион и истовремено го заклучи првенството без испаѓање и пласман на нови екипи во Ередивизи. 
Ова предизвика голем револт кај некои клубови особено АЗ Алкмар и второлигашот  Камбур  а уште неколку клуба најавија тужби незадоволни од одлуката на федерацијата иако мнозинството клубови беше за продолжување на првенството.  АЗ се надеваше на титула бидејќи има ист број бодови со Ајакс и двапати го победи додека Камбур иако има 11 бодови предност на врвот од втората лига нема да се пласира во елитата. 
И додека холанѓаните го прекинаа првенството исто како и претходно Белгија во Италија клубовите се поделени за продолжување или прекин на сезоната.  Епидемиолозите сметаат дека условите за фудбал не се созреани  бидејќи на теренот има многу контакти меѓу играчите но од федерацијата порачуваат  крах на италијанскиот фудбал и егзодус на најдобрите играчи доколку  клубовите не го завршат првенството. 
Германија го најави 9-ти мај за рестарт но и тука има многу  експерти кои бараат Бундес лигата да паузира до следната година.  Се поставуваат многу прашања а клучното е што доколку некој играч во текот на натпреварите заработи Ковид-19. Дали во таква ситуација ќе паузира само заразениот играч или пак целата екипа ќе оди во карантин.  Од таа причина некои фудбалски работници најавуваат играње со маски што сигурно е нонсенс. 
Хаос е и во Шпанија. Федерацијата најави рестарт на сезоната на 6-ти јуни но реагираше асоцијацијата на професионални фудбалери која тврди дека фудбалерите не сакаат да се вратат на теренот поради страв од зараза. 
Од останатите шампионати во Европа рестарт до крајот на мај најавува Полска, Франција сака да продолжи на 17-ти јуни а Турција на 12-ти.  
Само фудбалот може да ја врати вербата кај луѓето и да го намали стравот од Ковид-19 порачуваат нестрпливите фанови кои прифаќаат натпревари без публика па макар и до крајот на годината.