Македонија
29. April 2020 - 14:24

Занаетчиството во Охрид силно погодено од кризата предизвикана од пандемијата

Пандемијата со корона вирусот го погоди занаетчискиот сектор во главниот туристички центар.Занаетчиите кои едвај функционираа изминативе години а 40 посто од нив работат и со блокирани сметки се наоѓаат во лоша состојба.

Корона кризата екстремно ги погоди бизнисите во чаршијата бидејќи нема побарувачка за нивните производи и услуги.

Голем дел од занаетчиите го користат зимскиот период за изработка на своите рачни производи за во екот на сезоната да можат да ги изложат и презентираат пред бројните туристи но оваа година и покрај тоа што  стравуваат сепак кај нив преовладува надежта дека состојбата наскоро ќе помине и бизнисите повторно ќе заживеат.

Занаетчиите уште на самиот почеток на корона вирусот побараа субвенционирање на платите и придонесите.

Иаку во Охрид има  270 регистрирани занаетчии и 50 вршители на занаетчиска дејност.