Македонија
1. May 2020 - 19:41

Охрид празен за 1ви Мај

Поради пандемијата со коронавирусот во Охрид за продолжениот првомајски викенд ги нема туристи од нашето соседство и подалечните земји, најбројни на ривиерата се домашните гости и тоа оние кои имааат свои викенд станови  и куќи. Затворени се хотелите, рестораните и кафетериите ја нема онаа празнична атмофера кога се барало место повеќе во сместувачките капацитети. Денешниот неработен ден граѓаните го користат за прошетки покрај кејот на езерото и традиционалната скара, но оваа година прилагодени на мерките за спречување на Ковид-19.

Од планинарската служба за спасување апелираат до граѓаните доколку одлучат да се движат на планина да бидат свесни дека таму можеби најмалку прети опасност од зараза меѓутоа сите други опасности кои ги демнат и тоа како се присутни.

Откако е прогласена вонредната состојба планинарската спасителна служба интервенирала кај возач на мото крос кој на терен паднал и со сериозни повреди бил транспортиран во болницата Свети Еразмо.

Инаку првомајските празници изминативе години биле предвесник за тоа каква ќе биде сезоната во главниот туристички центар.